FANDOM

1,941,444 Pages

StarIconGreen
LangIcon
Ako denot mi e noќ

This song is by Kaliopi and appears on the album Ako denot mi e noќ (2001) and on the compilation album Live & Unreleased - Najmila (2002).

Ако денот ми е ноќ
Од сите ноќи ќе се разделам
Ако денот ми е ноќ
Од секој сон јас ќе се разбудам
Ќе барам светлина за да верувам
За сѐ она што се буди
Во мојот ден никогаш да не заспива

Ако денот ми е ноќ
Ќе сковам ѕвездена потковица
Зошто денот ми е ноќ
А барам само топла перница
Кога денот ми е ноќ
Со сите зборови јас ќе сум скарана
Зборот штом се роди
Тој по една мисла ќе убива

Ако денот ми е ноќ
Со топол глас јас ќе те милувам
Ќе бидам како мала птица
И во твои прегратки ќе ти долетам
Ако денот ми е ноќ
Ќе барам светло сива темнина
Зошто среќна јас ќе бидам
За секој ден што во ноќ се претвора

Ако денот ми е ноќ
Нема да биде зошто тагувам
Во секој ден што ќе е ноќ
Ќе имам кому да се радувам
Зошто денот ми е ноќ
А светлост в темнина
Јас пак ке пронајдам
За сите ноќи јас ќе пеам
Што во денови ќе се разлеат

Ако денот ми е ноќ
Со топол глас јас ќе те милувам
Ќе бидам како мала птица
И во твои прегратки ќе ти долетам
Ако денот ми е ноќ
Ќе барам светло сива темнина
Зошто среќна јас ќе бидам
За секој ден што во ноќ се претвора

External links