FANDOM

1,927,810 Pages

StarIconGreen
LangIcon
​Немирна (Nemirna)

This song is by Jana Burčeska.

Не труди се, да ме промениш - ти велам
Не ми требаш само ти
За јас да сум среќна

И не барај, да застанам на земја
Мене ми треба небото
И слободно летам

И кога мислиш си успеал
Да ме имаш за себе
Тогаш вешто ме снемува
Јас сум немирна ко ветер
Секој ден за мéне е нов почеток
И нова приказна без крај
Секој ден е неизвесен
Јас сум немирна ко ветер

И мене лесно ми е сѐ
И да чекорам по вода
Да го допрам сонцето
И низ пустина да одам

Не труди се, да ме дофатиш и скриеш
Нема начин и магија
Да ме сочуваш

И кога мислиш си успеал
Да ме имаш за себе
Тогаш вешто ме снемува
Јас сум немирна ко ветер
Секој ден за мéне е нов почеток
И нова приказна без крај
Секој ден е неизвесен
Јас сум немирна ко ветер

И кога мислиш си успеал
Да ме имаш за себе
Тогаш вешто ме снемува
Јас сум немирна ко ветер
Секој ден за мéне е нов почеток
И нова приказна без крај
Секој ден е неизвесен
Јас сум немирна ко ветер