FANDOM

1,949,070 Pages

StarIconGreen
LangIcon
За кого постојам (Za kogo postojam)

This song is by Калиопи and appears on the album Не ми го земај времето (2004).

Препиши ми ги солзите на твојот грев
Препиши ми баш сè од твојот горчлив свет
Препиши ми и вистини што не ги знам
За да јас имам чувство дека постојам

И немај ниту малку милост ти за мене
Јас веќе одамна заборавив сè за себе
Заборавив на сите божји молитви
На рани утра со сонце и небо без облаци

За кого постојам и кому јас му требам
За да верувам, од ова небо не се бега
За кого постојам, би сакала да знам
За кого сето мое минато, и не е само лага

(За да верувам)
За да верувам
(За кого постојам)
За кого постојам

Не помислив на себе ниту еден ден
Не чувствував ни радост за роденден
Но сепак имав сила да се разбудам
Да бидам дел од овој свет за да откријам

За кого постојам и кому јас му требам
За да верувам, од ова небо не се бега
За кого постојам, би сакала да знам
За кого сето мое минато, и не е само лага